Напад врз Идлип

6 цивили загинаа во вчерашниот напад на на силите на Бешар Асад и руските борбените авиони на северот на Сирија

1255025
Напад врз Идлип

6 цивили загинаа во вчерашниот напад на на силите на Бешар Асад и руските борбени авиони на населените места во рамките на границите на зоната за деескалација во Идлип.

Силите на режимот и поддржувачите продолжуваат со копнените и воздушните напади врз подрачјата Маратинуман и Хан Шејхун, Теманије, селата Мартрме, Џибала, Бсида, Рекајам, Нукејер, Хиш и Деир шарки како и северните рурални подрачја на Хама како што се Кефер Зита и Латамине и селото Латмин.

Директорот на екипите за цивилна заштита познати како Белите шлемови Мутсафа Хаџ Јусуф рече дека во воздушните напади на силите на режимот на Асад и Русија загинаа 6 цивили, од кои по тројца во Мааратинуман и Хиш.

Според извори од центрите за набљудување на авионите на опозицијата, руските борбени авиони извршија воздушни напади врз месноста Маратинуман и селото Хиш кај Идлип.



Слични вести