Макрон и Путин одржаа конференција за новинарите

Во односите меѓу Русија и ЕУ постои проблемот со Украина и истиот треба да се реши

1255324
Макрон и Путин одржаа конференција за новинарите

Францускиот претседател Емануел Макрон во врска со состојбата во Сирија рече дека треба да се постигне примирје во Идлиб.

Францускиот претседател Емануел Макрон во тврдината Брегансон на југот на Франција каде што го поминува летниот одмор одржа заедничка прес конференција со рускиот претседател Владимир Путин кој престојуваше во работна посета на оваа земја.

Макрон рече дека „жителите на Идлиб живеат под постојани бомбардирања и дека особено умираат децата. Затоа е потребно што поскоро да се постигне примирје. Нападите на силите на режимот (на Бешар Асад) се причина за смртта на децата.

Од друга страна пак, односите меѓу Русија и ЕУ се стекнаа со поголемо значење, поради што на покана на Путин во мај ќе престојува во официјална земја на Русија.

Во односите меѓу Русија и ЕУ постои проблемот со Украина и истиот треба да се реши.

Местото на Русија е во Европа. Треба да се има почит кон демонстрациите во врска со неприфаќањето на регистрацијата на независните кандидати на изборите за Градскиот одбор на Москва и не треба да се одбијат поднесените барања на кандидатите“ рече Макрон.

Рускиот претседател Владимир Путин во изјавата рече: „Претходно терористите имаа 50 отсто од контролата над Идлип, денес 90 отсто од контролата на градот се наоѓа во рацете на териториите поради што нападите се реализираат во ова подрачје. Терористите во Идлиб од тука се движат во различни делови на светот. Тоа е многу опасно. Досега беа остварени низа обиди за напади на нашата воздушна база во Идлиб. Затоа Русија ги поддржува напорите на сириската армија против терористите во Идлиб“ рече Путин.

Надоврзувајќи се на значајните одлуки коишто Франција ги усвои во врска со меѓународната безбедност, Путин рече дека Франција одигра значајна улога во враќањето на Русија во Советот на Европа.

Во врска со демонстрациите во Москва Путин рече дека иако граѓаните имаат право на демонстрации, сепак треба да ги почитуваат законите.

„Можеби не е баш најповолно ова да го кажам во оваа прилика, но во рамките на демонстрациите на Жолтите елеци во Франција загинаа 11 лица. Не сакаме истото да се случи и во Русија“ подвлече Путин.



Слични вести