Бројот на загинатите во поплавите во Мјанмар се зголеми на 69 лица

Со извадените мртви тела на уште 6 лица кои во лизгањето на земјиштето во петокот минатата недела во југоисточниот дел на Мјанмар останале затрупани под наносите од кал бројот на загинатите се зголеми на 69 лица

1253806
Бројот на загинатите во поплавите во Мјанмар се зголеми на 69 лица

Бројот на загинатите во лизгањето на земјиштето предизвикано од обилните врнежи од дожд во провинцијата Мон во југоисточниот дел на Мјанмар се зголеми на 69 лица.

Според веста на "Шинхуа", во објавеното соопштение од Противпожарната служба на Мјанмар се истакнува дека се извадени мртвите тела на уште 6 лица кои во лизгањето на земјиштето во петокот минатата недела во градот Паунг во областа Тхатон останале затрупани под наносите од кал со што бројот на жртвите се зголеми на 69 лица. 

Продолжуваат работите за пребарување и спасување во погоденото подрачје.

Поради обилните врнежи од дожд предизвикани од тропската бура која што владее во Бенгалскиот залив ви јужниот дел на Мјанмар, во последните 10 дена во провинциите Мон и Кајин се евакуирани 12 илјади лица. 

Поради влијателните врнежи во последните недели во земјата 89 илјади лица беа приморани да се засолнат во привремени бараки или во државни згради. 



Слични вести