Во поплавите во Судан загинаа 46 лица

Заменик министерот за здравство на Судан Сулејман Абдулџабар рече: „Поради силните врнежи од дожд дојде до рушење на куќите и поплави во кои животот го загубија 46 лица“

1253774
Во поплавите во Судан загинаа 46 лица

Во поплавите предизикани од обилните врнежи од дожд кои што владеат во последните две недели во Судан животот го загубија 46 лица.

Заменик министерот за здравство на Судан Сулејман Абдулџабар во дадената изјава за официјалната суданска новинска агенција (СУНА) истакна дека од катастрофата од поплави кои што зафатија 16 од 18 провинции досега се оштетени 9.260 куќи од кои 595 се целосно срушени, а повеќе од 3 илјади се делумно оштетени.

Абдулџабар рече: „Поради силните врнежи од дожд дојде до рушење на куќите и поплави во кои животот го загубија 46 лица.“

Во Судан уште од почетокот на месец август владеат обилни врнежи од дожд.

Во катастрофата од поплави кои што беа доживеани во оваа земја во истиот период минатата година животот го загубија 43 лица.



Слични вести