Во отворен оган на контролната линија во Џаму и Кашмир загина еден пакистански војник

Портпаролот на Армијата на Пакистан генерал-мајор Асиф Гафур на својот профил на Твитер сподели објава во која напиша дека во градчето Бутал уште еден храбар син на оваа земја го загуби својот живот додека беше на должност на Контролната линија

1253592
Во отворен оган на контролната линија во Џаму и Кашмир загина еден пакистански војник

Пакистан соопшти дека во отворен оган од страна на индиските војници на контролната линија во Џаму и Кашмир загина еден пакистански војник.

Портпаролот на Армијата на Пакистан генерал-мајор Асиф Гафур на својот профил на Твитер сподели објава во која напиша дека во градчето Бутал уште еден храбар син на оваа земја го загуби својот живот додека беше на должност на Контролната линија.

Гафур истакна дека пакистанскиот војник го загубил животот во огнот отворен од страна на индиските безбедносни сили.

Во вооружената престрелка до која што дојде вчера на контролната линија во Џаму и Кашмир помеѓу Пакистан и Индија, животот го загубија 5 индиски и тројца пакистански војници, а од истрелана граната од хаубица загинаа и двајца цивили од пакистанска страна.



Слични вести