Советот за безбедност на ОН на затворена седница ќе расправа за ситуацијата во Џаму и Кашмир

На барање на Кина денеска се очекува да се одржи затворена седница на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) посветена на ситуацијата во Џаму и Кашмир

1253609
Советот за безбедност на ОН на затворена седница ќе расправа за ситуацијата во Џаму и Кашмир

Кина побара од Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) да одржи седница посветена на ситуацијата во Џаму и Кашмир, спорен регион каде што по укинувањето на неговиот специјален статус од страна на Индија повторно почна да се зголемува затегнатоста помеѓу Индија и Пакистан.

Во тие рамки, денеска се очекува да се одржи затворена седница на Советот.

Пакистан исто така по укинувањето на специјалниот статус на Џаму и Кашмир од страна на Индија испрати 3 писма до Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) за разгледување на прашањето.

Инаку, продолжува тензичната состојба до која дојде по одлуката на Индија за укинување на членот од Уставот со кој повеќе од половина век му се признава специјален статус на Џаму и Кашмир.

Од денот на укинување на членот со кој што му се признава специјален статус на спорниот регион Индија продолжува да презема засилени безбедносни мерки и да поставува забрани и ограничувања за населението во Џаму и Кашмир, каде што живеат претежно муслимани.

Индиските власти застануваат во одбрана на тоа дека почна да се нормализира животот во Џаму и Кашмир, меѓутоа меѓународните медиуми информираат дека забраните и органичувањата во регионот продолжуваат, дека се прекинати интернетот, мобилните телефони и телефонските линии и дека се уште има поставено баригади на улиците.

 

 



Слични вести