Од подрачјето на градот Идлиб за време на Курбан Бајрам се раселени 124 илјади цивили

За време на Курбан Бајрам кога Асадовиот режим и неговиот поддржувач Русија напредуваа во околината на населеното место Хан Шејхун на југот на градот Идлиб се раселени од своите родни места 124 илјади лица

1253718
Од подрачјето на градот Идлиб за време на Курбан Бајрам се раселени 124 илјади цивили

За време на муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам поради нападите на Асадовиот режим врз населените места во подрачјето на градот Идлиб, 124 илјади цивили се раселиле во камповите на границата на Сирија со Турција.

Директорот на Координаторството за интервенција на Сирија (една од локалните граѓански организации) Мухамед Халаџ,  истакна дека за време на Курбан Бајрам кога Асадовиот режим и неговиот поддржувач Русија напредуваа во околината на населеното место Хан Шејхун на југот на градот Идлиб се раселени од своите родни места 124 илјади лица.

Халаџ  рече дека мнозинството од цивилите составени од вкупно 19.231 семејство се раселиле во камповите Атме, Ках, Деир Хасан и Кефер Лусин кои се наоѓаат на сириска територија, веднаш наспроти населеното место Рејханли кај градот Хатај на турската страна на границата.

Велејќи дека еден дел од цивилите оттука се упатиле во подрачјата на операциите  Еуфратски штит и Маслиново гранче, Халаџ подвлече дека освен нападите кои што продолжија за време на Бајрам причина за миграциското движење (раселување) е и опасноста од земање под опсада на населеното место Хан Шејхун и околината.

Халаџ истакна дека од населеното место Хан Шејхун биле принудени на раселување приближно 22 илјади цивили, од населбите во источниот дел на населеното место 18 илјади, приближно 32 илјади цивили од селата Ебу Меке и Ум Џелал и околината, од населеното место Кефренбил и околината околу 15 илјади, од месноста Тух и околината околу 7 илјади, од населените места Латамине и Кефер Зита и селото Сајад вкупно околу 7 илјади и од месноста Кеферума 13 илјади и од населеното место Маратинуман во подрачјето на градот Хама околу 10 илјади цивили.

Мухамед Халаџ напомена дека областите од каде што се раселуваат луѓето се составени од земјоделско земјиште и привремени кампови.

„За раселените треба да се отворат центри за нивно сместување, училишта, џамии и кампови“ - рече Тој.

Директорот на Координаторството за интервенција на Сирија Мухамед Халаџ, додаде дека доколку нападите се прошират во населените места Серакиб и Маратинуман бројот на раселените лица би можел да достигне до 1 милион.



Слични вести