Махмуд Абас и Борис Џонсон остварија телефонски разговор

Според веста на палестинската официјална новинска агенција „WAFA“; во телефонскиот разговор било дискутирано за билатералните односи помеѓу двете земји и последните случувања во Палестина

1253742
Махмуд Абас и Борис Џонсон остварија телефонски разговор

Палестинскиот претседател Махмуд Абас и британскиот премиер Борис Џонсон остварија телефонски разговор.

Според веста на палестинската официјална новинска агенција „WAFA“; во телефонскиот разговор било дискутирано за билатералните односи помеѓу двете земји и последните случувања во Палестина.

Во веста се истакнува дека Абас изразил спремност за воспоставување на мирот согласно меѓународните правила и се привлекува внимание дека упатил пофалби за поддршката што ја дава Велика Британија на Организацијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА).

Борис Џонсон пак, ја изнесе одлучноста на Велика Британија по прашањето на решение со две држави и истакна дека ја осудува политиката на Израел за рушење на куќите која што е во спротивност со меѓународното право.



Слични вести