Хан: Фашистичките тактики на индиската влада нема да ја задушат борбата за слобода на Кашмирчани

Пакистанскиот премиер Имран Хан истакна дека обидот на владата на Њу Делхи на чело со Моди за задушување на народноослободителната борба на Кашмирчани во Џаму и Кашмир со фашистички тактики ќе резултираат со неуспех, на жалосен начин за нив

1253622
Хан: Фашистичките тактики на индиската влада нема да ја задушат борбата за слобода на Кашмирчани

Пакистанскиот премиер Имран Хан во врска со политиките на Индија во Џаму и Кашмир на својата сметка на Твитер истакна дека фашистичките тактики на индиската влада нема да ја задушат борбата за слобода на Кашмирчани.

Хан во својата објава напиша: „Фашистичката влада на (Нарендра) Моди треба да знае дека историјата ни покажува оти една нација се обединува за борба за слобода и дека не се плаши од смрт. Ниту една сила не може да ја спречи таа нација да ја постигне својата цел.“

Имран Хан подвлече дека обидот на владата на Њу Делхи на чело со Моди за задушување на борбата за слобода на Кашмирчани во Џаму и Кашмир со фашистички тактики ќе резултираат со неуспех, на жалосен начин за нив.  

Имран Хан вчера на својата сметка на социјалната мрежа Твитер исто така покажа реакција против ограничувањата на Индија во последните недели во Џаму и Кашмир и ја предупреди меѓународната заедница поради политиките на Индија кон регионот.

Хан застана во одбрана на тоа дека би можела уште повеќе да се влоши состојбата во регионот и го истакна следното: „Дали светот тивко ќе биде сведок на уште еден масакр и уште едно етничко чистење врз муслиманите во Кашмир под индиска окупација, слично на Сребреница? Би сакал да ја предупредам меѓународната заедница дека, ако го дозволи тоа, случувањата ќе имаат силни реперкусии и реакции кои што ќе доведат до радикализација во муслиманскиот свет и спирали на насилство.“

Во меѓувреме, од страна на индиските безбедносни сили беше притворен Ирфан Емин Малик кој работел за еден локален весник во Џаму и Кашмир.

Татко му Мухамед Емин Малик истакна дека неговиот син работел за весникот „Greater Kashmir“ и бил притворен во областа Трал во Пулвама.

„Загрижени сме за нашиот син“ - рече Тој.

Полицијата во Џаму и Кашмир пак не објави било какво соопштение по прашањето.

Како што се истакнува, Ирфан Емин Малик е првиот новинар за кого се знае дека е притворен од 5 август кога Индија го укина специјалниот статус на Џаму и Кашмир.

 



Слични вести