Силите на Асад по жестоки бомбардирања зазедоа две села во подрачјето на градот Идлиб

Силите на Асадовиот режим со поддршка и на Русија, по жестоки бомбардирања од воздух и од копно зазедоа две села во подрачјето на градот Идлиб

1253187
Силите на Асад по жестоки бомбардирања зазедоа две села во подрачјето на градот Идлиб

Силите на режимот на Бешар Асад прекршувајќи ги договорите од Астана по реализирани жестоки воздушни и копнени напади зазедоа две села 2 подрачјето на градот Идлиб.

Продолжуваат жестоките воздушни и копнени напади на режимските сили, поддржани од Русија, врз населените места Хан Шејхун и Кефренбил, местата Теманије и Кеферума и селата Хулубе, Рекаја, Сиџне и Маритирме во подрачјето на градот Идлиб.

Режимските сили најпрвин од рацете на Слободната сириска армија (ССА) ги зазедоа месноста Хабит, селото Кефер Ајн и ридовите Тел Тери и Сукејк на југот на Идлиб и на храни ата со градот Хама, а потоа се усмерика и ги зазедоа селото Медаја и фармите Ел Минтар и Ум Зејтуне.

Моментално се водат жестоки судири помеѓу воените опозиционери и антирежимските вооружени групи и силите на Асадовиот режим во близина на селото Абидин и ридот Сукејк.



Слични вести