Расте билансот на жртвите во поплавите во Индија: Бројката се зголеми на 282 лица

Според веста на весникот „Hindustan Times“, во поплавите и лизгањата на земјиштето предизвикани од силните врнежи од дожд во сојузните држави Керала, Карнатака, Махараштра, Гужарат и Мадја Прадеш, досега животот го загубија вкупно 282 лица

1252614
Расте билансот на жртвите во поплавите во Индија: Бројката се зголеми на 282 лица

Билансот на жртвите во поплавите и лизгањата на земјиштето предизвикани од обилните врнежи од дожд во западните и јужните делови на Индија се искачи на 282 лица.

Според веста на весникот „Hindustan Times“, во поплавите и лизгањата на земјиштето предизвикани од силните врнежи од дожд кои што продолжуваат во сојузните држави Керала, Карнатака, Махараштра, Гужарат и Мадја Прадеш, досега животот го загубија вкупно 282 лица.

Надлежни истакнуваат дека се уште не може да се дојде до 29 лица кои се водат како исчезнати во сојузната држава Керала каде што бројот на загинатите се зголеми на 102 лица и дека бројот на загинатите во сојузната држава Карнатака се зголеми на 61 лице.

Поради поплавите бројот на жртвите во сојузната држава Махараштра се искачи на 49 лица, во силните врнежи во сојузната држава Гужарат загинаа 31 лице, а 39 лица го загубија животот и во сојузната држава Мидја Прадеш.

Од друга страна, е споделена и информацијата дека во сојузната држава Керала во текот на минатата недела дошло до приближно 90 случаи на лизгање на земјиштето и дека силните врнежи од дожд ќе продолжат да владеат во некои делови на оваа сојузна држава уште во текот на два дена.



Слични вести