Опозиционерите собориле воен авион на Асадовиот режим на југот на Идлиб

Фетхи-ил Муниб, заедничка воена оперативна група формирана од опозиционите групи и антирежимските вооружени групи во Идлиб, соопшти дека во близина на месноста Теманије на југот на Идлиб соборила воен авион од типот Су-22 во сопственост на Асадовиот режим

1252863
Опозиционерите собориле воен авион на Асадовиот режим на југот на Идлиб
suriye muhalifler savas ucagi.jpg
suriye muhalifler savas ucagi1.jpg
suriye muhalifler savas ucagi2.jpg

Опозиционите сили и антирежимските вооружени групи во Сирија срушиле воен авион на Асадовиот режим на југот на градот Идлиб.

Воен авион на Асадовиот режим кој реализирал воздушни напади во северното рруално подрачје на градот Хама и на југот на градот Идлиб беше срушен од страна на опозиционерите и антирежимските вооружени групи.

Фетхи-ил Муниб, заедничка воена оперативна група формирана од опозиционите групи и антирежимските вооружени групи во Идлиб, соопшти дека во близина на месноста Теманије на југот на Идлиб соборила воен авион од типот Су-22 во сопственост на Асадовиот режим.

Пилотот на срушениот авион скокнал со падобран во близина на месноста Теманије и потоа бил фатен.   

На 26 декември 2017 година од страна на Слободната армија на Идлиб, инаку една од компонентите на Слободната сириска армија (ССА), исто така беше срушен воен авион од типот Л39 во сопственост на Асадовиот режим кој извршувал напади во источното рурално поддрачје на градот Хама и југот на градот Идлиб. 

Силите на режимот поддржани од Русија, игнорирајќи ги договорите од Астана продолжија да извршуваат жестоки воздушни и копнени напади и од западниот дел на градот Идлиб се доближија на 5,4 километри до населеното место Хан Шејхун, каде што порано извршија и масакр со хемиско оружје.

Режимските сили откако ги зазедоа месноста Хабит на границата со градот Хама јужно од градот Идлиб и ридот Сукејк од рацете на Слободната сириска армија (ССА), го зазедоа и стратешки важниот рид Тел Тери во селото Кефер Ајн.

На тој начин, режимските сили се доближија до населеното место Хан Шејхун во подрачјето на градот Идлиб на 5,4 километри од запад и на 11 километри од исток.



Слични вести