Имран Хан ја предупреди меѓународната заедница во однос индиските политики во Џаму и Кашмир

Пакистанскиот премиер Имран Хан ја предупреди меѓународната заедница поради политиките на Индија кон Џаму и Кашмир и покажа реакција против ограничувањата на оваа земја во последните недели во регионот

1253158
Имран Хан ја предупреди меѓународната заедница во однос индиските политики во Џаму и Кашмир

Премиерот на Пакистан Имран Хан на својата сметка на социјалната мрежа Твитер покажа реакција против ограничувањата на Индија во последните недели во Џаму и Кашмир.

Хан ја предупреди меѓународната заедница поради политиките на Индија кон Џаму и Кашмир.

Застанувајќи во одбрана на тоа дека би можела уште повеќе да се влоши состојбата во регионот, Имран Хан рече: „Дали светот тивко ќе биде сведок на уште еден масакр и уште едно етничко чистење врз муслиманите во Кашмир под индиска окупација, слично на Сребреница? Би сакал да ја предупредам меѓународната заедница дека, ако го дозволи тоа, случувањата ќе имаат силни реперкусии и реакции кои што ќе доведат до радикализација во муслиманскиот свет и спирали на насилство.“

Хан ја изнесе констатацијата дека ограничувањата кон муслиманите во Џаму и Кашмир и присуството на дополнителни војници во регионот кој што моментално е под окупација, претставува пример на етничкото чистење кон муслиманите во сојузната држава Гужарат која порано го спроведе индискиот премиер Нарендра Моди.

Во својот говор што го одржа вчера во Законодавното Собрание на провинциите во Музафарабад, главниот град на Азад Кашмир кој се наоѓа под контрола на Пакистан, Имран Хан истакна дека индискиот премиер Нарендра Моди направи стратешка грешка со тоа што Џаму и Кашмир го доведе во состојба на меѓународен проблем, а воедно рече дека оваа грешка ќе го чини скапо и него и Владата на Народната партија на Индија (BJP).

Пакистанското Министерство за надворешни работи во објавеното соопштение на 12 август соопшти дека интервенцијата на Индија врз верските слободи на муслиманите во Џаму и Кашмир за време на Курбан Бајрам е во спротивност со човековите права и универзалното право.

Во соопштението беше истакнато дека продолжуваат ограничувањата во Џаму и Кашмир како што се забраната за излегување на улица (полицискиот час) и прекинот на интернетот и информациите и целиот пристап до комуникација.

„Пакистан ја осудува безмилосната (бруталната) изолација на Индија во окупираниот Џаму и Кашмир и ограничувањата на верските слободи на милиони Кашмирчани за време на еден значаен празник, како што е Курбан Бајрам.“ - беше наведено во соопштението на пакистанското Министерство за надворешни работи.

 



Слични вести