Борис Џонсон ги обвини некои пратеници и ЕУ дека соработуваат за спречување на Брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон рече: „Постои страотна соработка помеѓу оние кои мислат дека би можеле да го спречат Брегзит во Парламентот и европските пријатели.“

1252660
Борис Џонсон ги обвини некои пратеници и ЕУ дека соработуваат за спречување на Брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон ги обвини некои пратеници и Европската унија (ЕУ) дека соработуваат за спречување на Брегзит, т.ј. одделувањето на Велика Британија од Унијата.

Џонсон одговараше на прашањата на британските граѓани кои што му беа поставувани преку социјалната мрежа Фејсбук.

Борис Џонсон, во емисијата насловена како „Прашањата на народот до премиерот“, со кој наслов инаку се алудира на одржаната неделна седница во британскиот Парламент „Прашања до премиерот“, рече: „Постои страотна соработка помеѓу оние кои мислат дека би можеле да го спречат Брегзит во Парламентот и европските пријатели.“

Застанувајќи во одбрана на тоа дека Европската унија (ЕУ) не е желна за постигнување договор со Велика Британија по прашањето на Брегзит или за да направи отстапка за поправање на постоечкиот договор, Џонсон ја изнесе следната констатација: „И покрај тоа што три пати е отфрлен, тие се залепени на секој збор, на секоја запирка во договорот за Брегзит. Тоа се однесува и на членот за мерките за претпазливост, бидејќи се уште мислат дека Брегзит би можел да се спречи во Парламентот.“ 

Британскиот премиер Борис Џонсон напомена дека доколку продолжи оваа состојба Велика Британија ќе биде приморена да се оддели од Европската унија (ЕУ) без договор и го рече следното: „Тоа не е она што го посакувам јас, не целиме кон тоа, меѓутоа нашите европски пријатели треба да направат остапка.“

Во меѓувреме, меѓу тврдењата кои што се доста распространети се и оние дека британскиот премиер Џонсон би можел да овозможи Парламентот да замине на одмор, а со цел да го спречи обидот на пратениците за попречување на Брегзит, меѓутоа експерти укажуваат на тоа дека тоа ќе доведе до уставна криза во Велика Британија.  



Слични вести