Во воздушните напади на руските воени авиони во Идлиб, во Сирија, загинаа 3 деца

Според добиени информации од Авионската опсерваторија на опозиционерите и Цивилната Одбрана (Белите Беретки), во бомбардирањата на руските воени авиони синоќа во селото Салихије во подрачјето на градот Идлиб загинаа 3 деца

1252428
Во воздушните напади на руските воени авиони во Идлиб, во Сирија, загинаа 3 деца

Продолжуваат силните воздушни напади на Русија која го поддржува режимот на Бешар Асад, врз населените места во границите на „Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб“ во Сирија.

Во последните воздушни напади на руските вооени авиони во подрачјето на градот Идлиб загинаа 3 деца.

Копнените и возудшните напади на сирискиот режим и неговите поддржувачи продолжуваат особено во населеното место Хан Шејхун, месноата Теманије, селата Салихије, Кеферсеџне, Медаја и Ерманаја во подрачјето на градот Идлиб и во населените места Кефер Зита и Латамине и селото Латмин во северното рурално подрачје на градот Хама.

Според добиени информации од Авионската опсерваторија на опозиционерите и Цивилната Одбрана (Белите Беретки), во бомбардирањата на руските воени авиони синоќа во селото Салихије во Идлиб загинаа 3 деца.

Асадовиот режим и неговите поддржувачи од 17 септември 2018 година која беше потпишана спогодбата за Идлиб помеѓу Турција и Русија досега постојано го прекршуваат прогласениот прекин на огнот и во овие напади беа принудени на иселување повеќе од 750 илјади цивили.

Сириската мрежа за човекови права (СНХР) предходно соопшти дека во нападите на Асадовите сили и неговите поддржувачи во „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“ во периодот од 26 април до 27 јули животот го загубија 781 цивил од кои 208 деца и 140 жени.



Слични вести