Русите ќе работат 4 дена, а ќе одмораат 3 дена во неделата

Предлогот кој што е поддржан и од владејачката Партија „Обединета Русија“, наместо 5 дена неделно предвидува да се работи 4 дена, а 3 дена да се одмора во неделата

1252401
Русите ќе работат 4 дена, а ќе одмораат 3 дена во неделата

Поради причини како што се вработените да би можеле да одделат повеќе време за себе си и за своите семејства и да се намали процентот на невработеност, во Русија се прават подготовки за да се премине кон работење 4 дена во неделата.

Доколку биде прифатен овој систем, Русите ќе работат 4 дена, а ќе одмораат 3 дена во неделата.

Предлогот кој што е поддржан и од владејачката Партија „Обединета Русија“, наместо 5 дена неделно предвидува да се работи 4 дена.

Целта е да се намали невработеноста, да се зголеми кавлитетот на животот и да се овозможи вработените да можат да одделат подолго време за себе си и за своите семејства.

Едно анкетно истражување објавено во месец јуни покажа дека 43 отсто од руските граѓани се против системот за работа 4 дена во неделата и дека се загрижени оти во тој случај би имале загуби во примањата.

Меѓутоа, спротивно на грижите на руските граѓани во новиот систем се има за цел да бидат зачувани сегашните примања.

Работите во врска со нацрт законот на новиот систем се планира да започнат во септември.

Притоа се планира постепено да се премине кон применување на системот на 4 дена работа во неделата и се наведува дека на тој начин работодавците и вработените би можеле подобро да се прилагодат кон новиот систем на работа.



Слични вести