Пакистан повика на итна седница на Советот за безбедност на ОН по прашањето на Џаму и Кашмир

Пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Курејши истакна дека испратил писмо до Советот за безбедност на ОН за итно состанување по прашањето на Џаму и Кашмир

1252293
Пакистан повика на итна седница на Советот за безбедност на ОН по прашањето на Џаму и Кашмир

Пакистан, во врска со ограничувањата кои што ги врши Индија во Џаму и Кашмир и одлуката за променување на специјалниот статус на Џаму и Кашмир упати повик за одржување итна седница на Советот за безбедност на ОН (СБ на ОН).

Пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Курејши истакна дека испратил писмо до Советот за безбедност на ОН за итно состанување по прашањето на Џаму и Кашмир, а воедно напомена дека последните агресивни однесувања на индиската влада имаат за цел да му се наштети совесно на автономниот статус на сојузната држава Џаму и Кашмир, кој што е и меѓународно признат.

Нагласувајќи дека одлуките кои што ги донесува Индија во врска со статусот на Џаму и Кашмир му се закануваат на регионалниот и меѓународниот мир, Курејши истакна дека овие одлуки би можеле да станат причина за дејствија во регионот од видот на етничко чистење.

Тој ја обвини Индија дека располага со расистичка идеологија, појасни дека Пакистан нема да остане безгласен по прашањето на Џаму и Кашмир и додаде дека Индија има за цел муслиманското население во Џаму и Кашмир да го доведе во состојба на малцинство. 

Од друга страна, министерот за надворешни работи на Полска Јачек Капутович чија земја ја извршува функцијата привремен претседавач на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН), истакна дека затегнатоста помеѓу Пакистан и Индија ќе влијае на целиот јужноазиски регион и дека писмото испратено од страна на Пакистан ќе биде разгледано меѓу земјите членки на Советот.

Инаку, Индија го укина членот број 370 од Уставот со кој повеќе од половина век му се признава специјален статус на Џаму и Кашмир, со што се укинува овој специјален статус на регионот.

„Предлогот за преструктуирање на Џаму и Кашмир“ со кој што Џаму и Кашмир е поделен на два дела територии, најпрвин беше усвоен во Раџа Саба (Собранието на сојузни држави), Горниот дом на Федералниот Парламент на Индија, а потоа и во Лок Саба (Народното Собрание), Долниот дом на Федералниот Парламент на оваа земја.   

Пакистан соопшти дека ја осудува оваа одлука, донесе одлука за намалување на нивното на дипломатските односи со Индија и побара од оваа земја да го повлече својот амбасадор во Исламабад.

Освен тоа, Пакистан официјално ги суспендира и своите трговски односи со Индија.



Слични вести