ОН: Во Јемен директно или индиректно се убиени 320 илјади лица

Координаторката на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарната помош (ОЦХА) Лиса Гранде нагласи дека насилството кое што се извршува против цивилите во Јемен ги надмина сите перцепции и дека тоа апсолутно е неприфатливо

1252259
ОН: Во Јемен директно или индиректно се убиени 320 илјади лица

Во објавеното соопштение од сметката на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарната помош (ОЦХА) на социјалната мрежа Твитер по воздушниот напад извршен од страна на Арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија во провинцијата Хаџе во Јемен во која загинаа 12 лица од кои 6 деца, се истакнува дека во Јемен директно или индиректно се убиени 320 илјади лица.

Координаторката на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарната помош (ОЦХА) Лиса Гранде нагласи дека насилството кое што се извршува против цивилите во Јемен ги надмина сите перцепции и дека тоа апсолутно е неприфатливо.

Велејќи дека оваа трагедија треба да се сопре, Гранде рече: „Не постои никакво оправдување јеменскиот народ да ги доживува овие тешкотии. Крајно е жалосно тоа што семејствата на Курбан Бајрам кога би требало да слават заедно со своите блиски ги губат своите сакани.“ 

Во Јемен каде што долго време како владее политичка нестабилност, продолжуваат да се водат вооружени судири помеѓу Хусите и владините сили.

Хусите, од септември 2014 година наваму ја држат контролата во свои раце во главниот град Сана и во некои други области на земјата, додека коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија од март 2015 година и даваат поддршка на јеменската Влада во борбата против Хусите.

Во судирите кои што продолжуваат во Јемен приближно 5 години животот го загубија илјадници лица.

Поради граѓанската војна во Јемен кој се наоѓа меѓу најсиромашните земји во светот, до страотни димензии достигна и хуманитарната криза.



Слични вести