Портпаролот на Кремљ Песков: Работите за формирање на Уставниот комитет на Сирија се при крај

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во врска со формирањето на Уставниот комитет на Сирија рече: „Работите се при крај. Наскоро ќе го фрлиме последниот чекор за формирање на комитетот.“

1252217
Портпаролот на Кремљ Песков: Работите за формирање на Уставниот комитет на Сирија се при крај

Портпаролот на Кремљ (претседателскиот дворец на Русија) Дмитриј Песков во главниот град Москва даде изјава за новинарите во врска со сириската криза.

Песков истакна дека работите за формирање на Уставниот комитет на Сирија се при крај.

Тој рече: „Работите се при крај. Наскоро ќе го фрлиме последниот чекор за формирање на комитетот.“

Песков воедно информира дека продолжуваат подготовките за одржување во Турција на трилатералниот Самит меѓу Турција, Иран и Русија.

Привлекувајќи внимание дека рускиот претседател Владимир Путин е отворен и за дијалог по прашањето на решавање на кризата во источниот дел на Украина, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ја изнесе следната констатација: „Средбата помеѓу двајцата лидери може да се смета за позитивна. За Путин е значајно да бидат ставени во примена постигнатите договори за време на средбите.“

 



Слични вести