Организацијата за исламска соработка (ОИС) жестоко го осуди упадот во Месџид-и Акса

Во објавеното писмено соопштение од Организацијата за исламска соработка се осудува упадот на израелската полиција во Месџид-и Акса и се вели следното: „Случувањата се продолжеток на прекршувањата на Израел кои што се повторуваат против светите места“

1251942
Организацијата за исламска соработка (ОИС) жестоко го осуди упадот во Месџид-и Акса

Организацијата за исламска соработка (ОИС) жестоко го осуди нападот на израелската полиција врз муслиманите кои го извршуваа својот верски обред на првиот ден од Курбан Бајрам, кога заедно со група фанатизирани евреи завчера беше извршен упад во Месџид-и Акса во Ерусалим (Кудс).

Во објавеното писмено соопштение од Организацијата за исламска соработка се осудува упадот на израелската полиција во Месџид-и Акса и се вели следното: „Случувањата се продолжеток на прекршувањата на Израел кои што се повторуваат против светите места. Тоа претставува прекршување на Женевските конвенции и на меѓународното право.“

Во соопштението се упатува повик до меѓународната заедница и особено до Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОБ) да ги исполнат своите одговорности за ставање крај на Израелските напади кои што се повторуваат против светите места на христијаните и муслиманите.

Инаку, фанатизираните евреи завчера по повод одбележувањето на денот на жалост и постење „Теша БеАв“ кој што се совпадна со првиот ден од  муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам, побараа дозвола од израелската полиција да влезат во Месџид-и Акса.

Потоа фанатизираните евреи во групи влегоа во дворот на Месџид-и Акса.

Израелската полиција пак, интервенираше врз Палестинците кои се обидоа да ги спречат упадите на фанатизираните еври во Месџид-и Акса и притоа беа повредени 61 Палестинец, од кои 15 беа префрлени на лекување во болници.



Слични вести