Нападот врз џамијата во Норвешка ја скара оваа земја со Шведска

Норвешката премиерка Ерна Солберг истакна дека центарот на расистичките групиво Скандинавија е Шведска, на што пак пристигна остар одговор од шведскиот министер за енергетика Андерс Игеман

1252061
Нападот врз џамијата во Норвешка ја скара оваа земја со Шведска

Норвешката премиерка Ерна Солберг во врска со нападот на џамијата на Исламскиот центар „Ел Нур“ во градот Барум во Норвешка ја постави на мета и ја обвини Шведска.

Солберг истакна дека центар на расистичките групи во Скандинавија е Шведска и дека Норвешка треба да преземе мерки против таа појава.

Велејќи дека центарот на екстремно десничарската организација „Скандинавско движење на отпорот“ се наоѓа во Шведска, Солберг рече: „Во Скандинавија центарот на расистичките групи е Шведска, Норвешка мора да преземе мерки против тоа.“

Таа подвлече дека групите за кои што станува збор доаѓаат и реализираат напади во Норвешка и дека поради тоа треба да се води заедничка борба против тие групи.

На овие изјави на норвешката премиерка Ерна Солберг пристигна многу остар одговор од Шведска.

Шведскиот министер за енергетика Андерс Игеман во објавата што ја сподели на социјалната мрежа Твитер потсети дека Солберг на два пати формираше влада со екстремно десничарската Партија за развој која е позната по настроеноста против имигрантите  и рече дека треба „(Солберг) да се погледне во огледало“.

Игеман во врска со ова прашање даде изјава и за најголемиот весник во земјата „Aftonbaldet“ каде што рече: „Во борбата против екстремизмот значајно е да се соработува меѓу земјите, меѓутоа ако соработувате со екстремно десничарската Партија за развој и екстремно десничарскиот политичар Силви Листахауг го назначете за министер, треба да се погледнете во огледало.“

Укажувајќи на тоа дека двајцата расистички напаѓачи излегоа од Норвешка, Игеман истакна дека Норвешка треба да се соочи со фактите.

„Не е правилно да се обвинуваат десничарите во Шведска. И Андерс Брејвик кој масакрираше 77 лица беше член на Партијата за развој“ - рече Игеман.

Инаку, едно вооружено лице во саботата во градот Барум во Норвешка изврши напад на џамијата на Исламскиот центар „Ел Нур“. Во нападот едно лице беше рането, а едно осомниченото лице беше притворено.

 



Слични вести