И покрај договорениот прекин на огнот повремено продолжуваат судирите во Либија

Во областите Ајн Зара, Халет Авн, патот за аеродромот и на југот на главниот град Триполи повремено се слушаат пукотници од вооружени судири

1251954
И покрај договорениот прекин на огнот повремено продолжуваат судирите во Либија

И покрај договорениот прекин на огнот по повод муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам на повик на Обединетите нации (ОН), продолжува да доаѓа до повремени вооружени судири помеѓу воените единици на Владата на национално единство на Либија и силите на генералот Халифа Хафтар во некои области во јужниот дел на главниот град Триполи.

Во областите Ајн Зара, Халет Авн, патот за аеродромот и на југот на главниот град Триполи повремено се слушаат пукотници од вооружени судири.

И во објавеното соопштение во неделата од страна на Владата на национално единство на Либија беше соопштено дека силите на Хафтар го прекршувале прекинот на огнот. 

Инаку, генералот Халифа Хафтар на 4 април нареди да бидат започнати напади за заземање на главниот град Триполи, а потоа единиците на либиската влада на национално единство која воедно е и меѓународно призната, започнаа контраоперација против силите на Хафтар.



Слични вести