Британскиот премиер Борис Џонсон се состана со советникот за национална безбедност на САД Џон Болтон

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера учествувал на еден состанок што се одржал во главниот град Лондон меѓу британските функционери и советникот за национална безбедност на САД Џон Болтон

1251960
Британскиот премиер Борис Џонсон се состана со советникот за национална безбедност на САД Џон Болтон

Британскиот премиер Борис Џонсон се состана со советникот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Џон Болтон со кого разговараа за низа актуелни прашања меѓу кои и за Иран и Хонгконг.

Во објавеното писмено соопштение од владината канцеларија на „Даунинг Стрит 10“ се истакнува дека премиерот Борис Џонсон вчера учествувал на еден состанок што се одржал во главниот град Лондон меѓу британските функционери и советникот за национална безбедност на САД Џон Болтон.

Според соопштението, на состанокот биле разгледани низа прашања како што се затегнатоста која што се доживува со Иран во Ормутскиот теснец, случувањата во Хонгконг и 5Г-инфраструктурата на Велика Британија.

На состанокот, беше поставен и начинот на кој што ќе се одвиваат трговските односи помеѓу Велика Британија и САД по одделувањето на Велика Британија од Европската унија (ЕУ), односно Брегзит, како и одлучноста на Велика Британија за постигнување сеопфатен договор за слободна трговија со САД.

Од друга страна, се истакнува дека британскиот премиер Борис Џонсон вчера остварил телефонски разговор и со американскиот претседател Доналд Трамп.



Слични вести