Билансот на жртвите во поплавите и лизгањата на земјиштето во Индија се зголеми на 201 лице

Во поплавите и лизгањата на земјиштето предизвикани од оболните врнежи од дожд во голем број делови на земјата, а пред се во сојузните држави Керала, Карнатака, Махараштра и Гужарат, од средата минатата недела досега животот го загубија 201 лице

1251898
Билансот на жртвите во поплавите и лизгањата на земјиштето во Индија се зголеми на 201 лице

Бројот на загинатите во поплавите и лизгањата на земјиштето предизвикани од оболните врнежи од дожд во јужните и западните делови на Индија се зголеми на 201 лице.

Според веста на „Press Trust of India“ (RTI), во поплавите и лизгањата на земјиштето предизвикани од силните врнежи од дожд во голем број делови на земјата, а пред се во сојузните држави Керала, Карнатака, Махараштра и Гужарат, од средата минатата недела досега животот го загубија 201 лице.

Надлежни соопштуваат дека во сојузната држава Керала каде што бројот на загинатите се зголеми на 76 се уште не може да се дојде до 50 лица кои се водат како исчезнати и дека во формираните кампови за погодените од поплавите се евакуирани приближно 290 илјади лица.

Како што се истакнува во сојузната држава Махараштра поради поплавите животот го загубија 43 лица, а во сојузната држава Карнатака има 42 загинати и продолжуваат активностите за пребарување и спасување по 12 лица кои се водат како исчезнати.

Од друга страна, во сојузната држава Гужарат животот го загубија 31 лице кои беа одвлечени од надојдените води од поплавите, во сојузната држава Утараканд пак поради лизгањето на земјиштето животот го загубија 6 лица меѓу кои и една мајка со нејзиното 9 месечно бебе.

Во сојузната држава Џаму и Кашмир поради поплавите животот го загубија 3 лица од исто семејство.



Слични вести