Вчера на првиот ден на Курбан Бајрам 1.729 фанатизирани евреи упаднаа во Месџид-и Акса

Израелската полиција, вчера првиот ден од муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам интервенираше врз Палестинците кои се обидоа да го спречат упадот на фанатизираните евреи во Месџид-и Акса

1251483
Вчера на првиот ден на Курбан Бајрам 1.729 фанатизирани евреи упаднаа во Месџид-и Акса

Израелската полиција вчера најпрвин ги нападна Палестинците кои побараа по клањање на намазот по повод Курбан Бајрам да ги спречи фанатизираните евреи да упаднат во Месџид-и Акса, а потоа под преземени засилени безбедносни мерки им дозволи на 1.729 фанатизирани евреи да упаднат во Харем-и Шериф. 

Според веста на израелскиот весник „Маарив“, првиот ден од муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам кој се совпадна со денот на жалост на евреите кој што според хебрејскиот календар се одбележува како годишнина од првото и второто рушење на Храмот на Соломон од страна на Вавилонците и Римјаните, им е дозволено во придружба и на израелската полиција на 1.729 фанатизирани евреи да влезат во Месџид-и Акса.

Портпаролот на Администрацијата на исламските фондации на Ерусалим (Кудс) Фирас Дибс исто така објави писмено соопштение во кое информира дека вчера фанатизираните евреи во придружба и на израелската полиција на два пати упаднаа во Месџид-и Акса, и тоа еднаш наутро и еднаш попладне.

Дибс истакна дека притоа за време на интервенцијата на израелската полиција се приведени најмалку 5 мина Палестинци, додека од страна на израелската полиција засега не е објавено било какво соопштение во врска со бројот на приведените Палестинци.

Инаку, фанатизираните евреи вчера по повод одбележувањето на денот на жалост и постење „Теша БеАв“ кој што се совпадна со првиот ден од  муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам, побараа дозвола од израелската полиција да влезат во Месџид-и Акса.

Притоа израелската полиција интервенираше врз Палестинците внатре во Харем-и Шериф кои пак се обидоа да го спречат упадот на фанатизираните евреи во Месџид-и Акса. 

За време на оваа интервенција на израелската полиција беа повредени 61 Палестинец од кои 15 беа префрлени на лекување во болница.



Слични вести