ОН го соопштија билансот од четиридневните судири во Аден, во Јемен: 40 загинати и 260 ранети

Во објавеното писмено соопштение од Канцеларијата на ОН за Јемен се истакнува дека според првите подготвени извештаи по прашањето, во вооружените судири кои што започнаа во градот Аден на 8 август, досега загинаа 40 цивили, а 260 се ранети

1251632
ОН го соопштија билансот од четиридневните судири во Аден, во Јемен: 40 загинати и 260 ранети

Во вооружените судири кои што се водат во последните четири дена во привремениот главен град на Јемен, Аден, загинаа 40 цивили, а 260 се ранети.

Во објавеното писмено соопштение од Канцеларијата на Обединетите нации (ОН) за Јемен се истакнува дека според првите подготвени извештаи по прашањето, во вооружените судири кои што започнаа во градот Аден на 8 август, досега загинаа 40 цивили, а 260 се ранети.

Во соопштението им се одделува место на следните изјави на координаторот на Обединетите нации (ОН) за Јемен Лиса Гранде: „Претставува мошне жалосно тоа што јеменските семејства наместо да ги прегрнуваат своите сакани во мир за време на Курбан Бајрам, се облеани во жалост. Најискрено го изразуваме нашето сочувство до семејствата на загинатите.“

Гранде апелираше до сите страни кои учествуваат во судирите во Јемен за одбрана на цивилите да се придржуваат кон правото во врска со меѓународните човекови права, а воедно рече: „Семејствата во подрачјето треба да имаат безбеден и слободен пристап до сите потреби за да останат во живот. Во тој контекст, бараме од надлежните да им дадат гаранција на организациите за човекови права за да им се овозможи пристап до цивилното население кое има потреба од помош.“

Инаку, во вооружените судири во Јемен кои што продолжуваат 4 дена единиците Хизам Емни на Јужниот преоден совет поддржани од Обединетите Арапски Емирати  вчера ја зазедоа контролата над претседателскиот дворец Маашик и стратешките јеменски државни институции во градот Аден.

Беше истакнато дека надлежните и командантите го напуштиле претседателскиот дворец со оклопно возило на Саудиска Арабија и дека контролата над целиот град Аден преминала во рацете на силите Хизам Емни.

Единиците Хизам Емни во склопот на Јужниот преоден совет поддржани од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) кои извршија обид за соборување на легитимната влада на Јемен на чело со претседателот Абдурабу Мансур Хади, а кој се живее во главниот град на Саудиска Арабија Ријад, од средата војуваа против владините сили во градот Аден.



Слични вести