Бројот на жртвите во поплавите во Индија се искачи на 147 лица

Додека продолжуваат активностите на екипите за пребарување и спасување стотици илјади лица од погодените подрачја од поплавите се евакуирани во шатори

1251810
Бројот на жртвите во поплавите во Индија се искачи на 147 лица

Бројот на загинатите во поплавите предизвикани од оболните врнежи од дожд во сојузните држави Карнатака, Керала и Махараштра во Индија се искачи на 147 лица,

Додека продолжуваат активностите на екипите за пребарување и спасување стотици илјади лица од погодените подрачја од поплавите се евакуирани во шатори.

Надлежни соопштуваат дека останале поплавени под вода голем број места кои се сметаат за светско наследство во земјата.

Во голем број места погодени од поплавите се сопрени и железничките линии.

Надлежни на сојузната држава Керала соопштија дека во погодените места 15 илјади лица од страна на државата се сместени во кампови за помош.

Во сојузната држава Карнатака пак,  во градот Хампи кој се наоѓа во списокот на светското културно наследство голем број објекти останаа под вода.

227 илјади лица во подрачјето се засолнаа во кампови за помош.

Во три сојузни држави Карнатака, Керала и Махараштра беа причинети најголеми штети, додека помеѓу сојузните држави во кои катастрофата од поплави причини штети се и Гужарат, Асам и Бихарат.



Слични вести