Бројот на загинатите во тајфунот Лекима во Кина се зголеми на 45 лица

Според веста на новинската агенција „Ксинхуа“, поради тајфунот Лекима кој што ги зафати провинциите Чичианг и Шантунг во источниот дел на Кина според последни добиени информации животот го загубија 45 лица, а од 16 лица не можат да се добијат информации

1251776
Бројот на загинатите во тајфунот Лекима во Кина се зголеми на 45 лица

Бројот на загинатите во тајфунот Лекима кој што ги погоди источните делови на Кина се зголеми на 45 лица, а се уште не можат да се добијат информации за 16 лица кои се водат како исчезнати.

Според веста на новинската агенција „Ксинхуа“, поради тајфунот кој што ги зафати провинциите Чичианг и Шантунг во источниот дел на Кина според последни добиени информации животот го загубија 45 лица, а од 16 лица не можат да се добијат информации.  

Тајфунот кој што во саботата ја погоди провинцијата Чичианг стана причина за смртта на 39 лица, а во соседната провинција Анхуи животот го загуби едно лице.

Тајфунот во провинцијата Чичаинг беше причина за евакуирање на 1,26 милиони лица и причини штета во износ од 24,22 милијарди јуани.

Во истоимената провинција 9 лица се водат како исчезнати.

Тајфунот Лекима во неделата се упати кон север и ја зафати провинцијата Шантунг каде што животот го загубија 5 лица, а 7 лица се водат како исчезнати.

Во провинцијата беа срушени најмалку 610 куќи, а 180 илјади лица беа евакуирани од своите домови.

Тајфунот Лекима причини штета во износ од 1,48 милијарди јуани и во провинцијата Шантунг.

Додека продолжува влијанието на обилните врнежи од дожд и ветрот во провинцијата во тек се и активностите за спасување на лицата кои се заглавени во своите домови и чекаат да бидат спасени.

Лекима кој што е девети тајфун оваа година во Кина, стана причина за појава на ветрови со брзина од 187 километри на час.

Се претпоставува дека тајфунот Лекима од северните и западните делови ќе напредува кон внатрешните делови на земјата. 



Слични вести