Билансот на жртвите во лизгањето на земјиштето во Мјанмар се зголеми на 51 лице

Поради лизгањето на земјиштето во југоисточниот дел на Мјанмар од петокот досега се извадени од наносите од земја и кал мртвите тела на 51 затрупано лице, а се спасени повредени 42 лица

1251737
Билансот на жртвите во лизгањето на земјиштето во Мјанмар се зголеми на 51 лице

Бројот на загинатите во лизгањето на земјиштето предизвикано од силните врнежи од дожд во провинцијата Мон во југоисточниот дел на Мјанмар, се зголеми на 51 лице, а се евакуирани од своите домови 12 илјади лица.

Според веста на новинската агенција „Кјодо“, во објавеното соопштение од Противпожарната служба на Мјанмар продолжуваат активностите за пребарување и спасување на затрупаните под наносите ос земја и кал за време на лизгањето на земјиштето до кое што дојде во петокот во селото Тханпхју-гоне кај градот Тхатон.

Како што се вели од петокот досега се извадени од наносите од земја и кал мртвите тела на 51 затрупано лице, а се спасени повредени 42 лица. 

Повредните лица се прфрлени на лекување во болници.

Инаку, поради силните врнежи од дожд предизвикани од тропската бура која што владее во Бенгалскиот залив во јужниот дел на Мјанмар, во последните 4 дена во провинциите Мон и Кајин се евакуирани од своите домови 12 илјади лица.

Поради силните врнежи од дожд кои што владеат во последните недели, 89 илјади лица во Мјанмар беа приморани да се засолнат во привремени бараки или во државни згради.



Слични вести