Бројот на загинатите во експлозија на цистерна со гориво во Танзанија се зголеми на 62 лица

Во моментот кога голем број лица се обидувале да го соберат горивото во канти кое што истекувало од цистерната дошло до голема експлозија

1251219
Бројот на загинатите во експлозија на цистерна со гориво во Танзанија се зголеми на 62 лица

Во експлозија на цистерна со гориво во градот Морогоро во Танзанија животот го загубија 62 лица, а најмалку 70 лица се ранети.

Во градот Морогоро, поранешен главен град на Танзанија на оддалеченост од 200 километри од Даруселам најголемиот град на оваа југоисточноафриканска држава, дошло до истекување на гориво од цистерна која учествувала во една сообраќајна несреќа.

Во моментот кога голем број лица се обидувале да го соберат горивото во канти кое што истекувало од цистерната, дошло до голема експлозија.

Информативниот канал на Танзанија (ТВС) во веста ослонувајќи се на полициски извори соопшти дека во експлозијата животот го загубија 62 лица, а најмалку 70 лица беа префрлени на лекување во болница.

Освен тоа во веста се вели дека некои од ранетите лица здобиле сериозни изгореници.

Портпаролот на танзаниската влада Хасан Абаси истакна дека со жалење ја примиле веста и го изрази своето сочувство до блиските на жртвите.

Во слична експлозија до која што дојде во мај годинава и во Нигер животот го загубија 76 лица и во земјата беше прогласена тридневна жалост.



Слични вести