Во воздушните напади на Русија врз населени места во Идлиб загинаа 4 цивили

Во бомбардирањата на воените авиони на Русија вчера во вечерните часови врз населените места во границите на „Зоната за намалување (деескалација) на судирите во Идлиб“, животот го загубија четворица цивили

1250625
Во воздушните напади на Русија врз населени места во Идлиб загинаа 4 цивили

Во реализирани воздушни напади вчера во вечерните часови од страна на Русија, земјата поддржувач на режимот на Бешар Асад во Сирија, врз населените места во границите на „Зоната за намалување (деескалација) на судирите во Идлиб“, животот го загубија четворица цивили.

Сирискиот режим и неговите поддржувачи вчера вечер ги засилија копнените и воздушните напади врз населените места Хан Шејхун, месноста Теманије и селата Хабит, Сукејк, Кеферсеџне, Медаја и Ерманаја кај градот Идлиб и врз населените места Кефер Зит и Латамине и селото Латмин во северното рурално подрачје на градот Хама.

Според добиени информации од Авионската опсерваторија на опозиционерите и од извори за Цивилна Одбрана (Белите Беретки), во бомбардирањата на воените авиони на Русија животот го загубија четворица цивили од кои тројца во населеното место Хан Шејхун кај Идлиб и едно лице во селото Латмин кај Хама.

Екипите за Цивилна Одбрана ги продолжуваат активностите за пребарување и спасување под рушевините.

 



Слични вести