Во поплавите во Индија од вчера досега животот го загубија најмалку 22 лица

Според веста на телевизискиот канал „NDTV“, владини функционери на погодените сојузни држави истакнуваат дека поради поплавите предизвикани од силните дождови во западните и јужните делови на Индија од вчера досега животот го загубија најмалку 22 лица

1250732
Во поплавите во Индија од вчера досега животот го загубија најмалку 22 лица

Во поплавите предизвикани од силните врнежи од дожд во западните и јужните делови на Индија, само од вчера досега животот го загубија најмалку 22 лица, а илјадници лица се евакуирани.

Според веста на телевизискиот канал „NDTV“, владини функционери на погодените сојузни држави истакнуваат дека поради поплавите предизвикани од поројните дождови од вчера досега животот го загубија најмалку 22 лица.

Надлежни на меѓународниот серодром Кочин во градот Кочи соопштуваат дека поради силните врнежи од дожд се прекинати до 15:00 часот по локално време авионските летови од и за аеродромот.

Како што се вели, расте нивото на водата во реката Перијар и во каналот во близина на аеродромот.

Од страна на владини функционери на сојузните држави е издаден црвен аларм против можноста од мошне силни рвнежи во 9 области, вклучувајќи ги и Вајанад, Идуки, Малапурам и Козхикоде.

Функционери на Управата за елементарни непогоди на сојузната држава Керала истакнуваат дека повеќе од 22 илјади лица кои биле евакуирани од областите погодени од поплавите се сместени во 315 кампови за помош за погодените лица од поплавите.

Како што се соопштува, била прекината наставата во училиштата во 14 области во сојузната држава Керала.

Од друга страна, во лизгањето на земјиштето предизвикано од силните врнежи од дожд била одвлечена цела една куќа во која биле сместени работници кои работеле во една нива со чај во областа Вајанад.

Надлежни соопштуваат дека поради лизгањето на земјиштето се затрупани најмалку 150 лица, а 200 лица се повредени.

Во областите погодени од елементарнтаа непогода се испратени воени единици, екипи на Националните сили за интервенција при елементарни непогоди (NDRF) и противпожарни екипи, досега се спасени приближно 60 лица и активностите за спасување би можеле да траат 12 часа.

Според веста на „Hindustan Times“, премиерот на сојузната држава Керала Пинараји Вижајан истакна дека силните врнежи од дожд станале причина за 24 случаи на лизгање на земјиштето во сојузната држава.

Вижајан рече дека во операциите за пребарување и спасување била побарана помош од армијата и воздушните сили .



Слични вести