Реакција од Палестина против одлуката на Израел за изградба на 2.300 нови станови на Западниот Брег

Портпаролот на кабинетот на палестинскиот претседател Небил Ебу Редине истакна дека активностите и одлуките на Израел било во однос на населбите, било апсењата, било рушењето на куќите, носат дестриктивни опасности

1249819
Реакција од Палестина против одлуката на Израел за изградба на 2.300 нови станови на Западниот Брег

Палестинската управа го осуди издаденото одобрение од страна на Израел за изградба на 2.300 нови еврејски доселенички станови на окупираниот Западен Брег.

Портпаролот на кабинетот на палестинскиот претседател Махмуд Абас, Небил Ебу Редине во дадената изјава за палестинската официјална новинска агенција „ВАФА“ рече: „Активностите и одлуките на Израел било во однос на населбите, било апсењата, било рушењето на куќите, носат дестриктивни опасности.“ 

Нагласувајќи дека сите изградени населби се незаконски и дека ниту една изградена зграда од страна на Израел на палетсинските територии не е легитимна, Небил Ебу Редине ја изнесе следната констатација: „Тоа што Израел ги прекршува правата на Палестинците и ја предизвикува меѓународната легитимност нема да води кон мир, напротив, ќе придонесе за продолжување на затегнатоста во регионот кој што гори и од каде се крева пламен.“

Портпаролот Ебу Редине застана во одбрана на тоа дека доколку не се изнајде решение за палестинското прашање на основа на меѓународната легитимност и Арапската мировна иницијатива, во следната фаза регионот и светот ќе се соочат со еден опасен и тежок крстопат. 

Инаку, во објавениот извештај завчера од страна на „Движењето Сега мир“ беше истакнато дека Советот за високо планирање при Цивилната административна единица во склопот на Единицата за координација на владините активности на палестинските територии (COGAT) при Министерството за одбрана на Израел, одобрил да бидат изградени 2.300 нови еврејски доселенички станови на Западниот Брег.



Слични вести