Поплавите во Индија одзедоа 16 животи, а приближно 30 илјади семејства се евакуирани

Според веста на новинската агенција „АНИ“, во поплавите до кои што дошло по поројните врнежи од дожд во западната сојузна држава Махарашта, во Пуне животот го загубиле 4 лица, во Сатара 7, во Сангил и Колхапур по двајца и во Солапур едно лице

1249885
Поплавите во Индија одзедоа 16 животи, а приближно 30 илјади семејства се евакуирани

Поради поплавите предизвикани од силните врнежи од дожд во сојузната држава Махарашта во западниот дел на Индија животот го загубија 16 лица, а илјадници лица се евакуирани.

Според веста на новинската агенција „АНИ“, во поплавите до кои што дошло по поројните врнежи од дожд во западната сојузна држава Махарашта, во Пуне животот го загубиле 4 лица, во Сатара 7, во Сангли и Колхапур по двајца и во Солапур едно лице.

Поради поплавите од областите погодени од поплави биле евекуирани и приближно 30 илјади семејства.

Од друга страна, се истакнува дека е прекината наставата во училиштата во областите Сангли, Сатара и Колхапур, а воедно се вели дека продолжуваат активностите за пребарување и спасување во местата погодени од поплавите.



Слични вести