Писмо од пакистанскиот министер за надворешни работи Курејши до Гутерес

Пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Курејши истакна дека Обединетите нации (ОН) треба да го повишат својот глас противн насилствата кои што се доживуваат во Џаму и Кашмир кој се наоѓа под контрола на Индија

1249903
Писмо од пакистанскиот министер за надворешни работи Курејши до Гутерес

Пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Курејши напиша писмо до генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес посветено на прашањето со Џаму и Кашмир кој се наоѓа под контрола на Индија.

Курејши истакна дека Обединетите нации (ОН) треба да го повишат својот глас против насилствата кои што се доживуваат во Џаму и Кашмир.

Тој напомена дека во Џаму Кашмир се прекршуваат човековите права со средства на вршење притисок како што се убивање на народот во притвор, измачување, силување и ослепување со воздушно оружје. 

„Овие тешки и систематски прекршувања на човековите права се поддржуваат со индиските закони и ова злосторство (безмилосност) продолжува со променување на уочлив имунитет кон безбедносните сили во регионот. Обединетите нации (ОН), мораат да го повишат својот глас против насилствата кои што се доживуваат во Кашмир под контрола на Индија и кои се документирани и од страна на Високиот комесаријат за човекови права на ОН.“ - рече Курејши.

Нагласувајќи дека Индија прекршувајќи го потпишаниот договор за прекин на огнот од 2003 година од индиска страна на контролната линија отвора оган кон пакистанската страна, Курејши истакна дека овие напади им наштетуваат и на надежите за мир во регионот.

Шах Махмуд Курејши подвлече дека Кашмир е „најмилитаризиран регион“ во светот и потсетувајќи дека во Кашмир се водат одредени воени подготовки појасни дека се чувствува загриженост од желбата на индиската влада за променување на членот 370 со кој што му се признава специјален статус на Џаму и Кашмир.

Пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Курејши своето писмо до генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес го заврши со барање да се спроведуваат резолуциите на Советот за безбедност на ОН, да се истражат прекршувањата на човековите права во Кашмир и да се достават потребните предупредувања до Индија.

Инаку, Индија во понеделникот го укина членот број 370 од Уставот со кој повеќе од половина век му се признава специјален статус на Џаму и Кашмир, со што се укинува и овој специјален статус на регионот.



Слични вести