Минатиот месец секој втор ден една џамија во Германија добиваше закана за бомбашки напади

Експертски тимови покрај тоа што ги испразнија џамиите и ги пребараа, не најдоа никакви траги на експлозив

1249722
Минатиот месец секој втор ден една џамија во Германија добиваше закана за бомбашки напади

Весникот „Билд“ во веста што ја објави врз безбедносни извори истакнува дека во јули, секој втор ден една џамија во Германија беше цел на закани и напади на екстремно десничарски групи од кои повеќето беа неонацистички настроени.

Во веста се истакнува дека заканите ја преминаа фазата на закана и прераснаа во напади.

Безбедносни избори истакнуваат дека во последно време пристигнале голем број пријави за поставување бомби во џамиите во градовите Изерлон, Келн, Минхен, Манхајм, Дуизбург, Мајнц и Вилинген-Швенинген, поради што веднаш требале да се евакуираат.

Експертски тимови покрај тоа што ги испразнија џамиите и ги пребараа, не најдоа никакви траги на експлозив.

Минатиот месец во некои џамии во земјата беше подметнат пожар, додека во некои беше извршен обид за подметнување пожар.

Во некои џамии беа искинати Кураните, додека на ѕидовите на некои џамии беља напишани различни написи и беше нанесена материјална штета.



Слични вести