Киргискиот претседател Џенбеков: Атамбаев ги прекршува Уставот и законите

Претседателот на Киргистан Соронбај Џенбеков на состанокот нагласи дека Алмазбек Атамбаев остро се спротивставува на спроведувањето на судската истрага согласно законот и ги прекршува Уставот и законите на Република Киргистан

1250091
Киргискиот претседател Џенбеков: Атамбаев ги прекршува Уставот и законите

Претседателот на Киргистан Соронбај Џенбеков истакна дека поранешниот претседател Алмазбек Атамбаев ги прекршува Уставот и законите.

Според објавеното соопштение од прес центарот на кабинетот на претседателот, денеска беше одржан состанок на Советот за безбедност, под претседателство на претседателот Џенбеков.

Претседателот на Киргистан Соронбај Џенбеков на состанокот нагласи дека Алмазбек Атамбаев остро се спротивставува на спроведувањето на судската истрага согласно законот и ги прекршува Уставот и законите на Република Киргистан.

Подвлекувајќи дека Киргистан е правна држава, Џенбеков напомена дека задача на државата е да обезбеди сите граѓани да ги почитуваат цврсто законите.

Киргискиот претседател Соронбај Џенбеков нагласи дека треба да бидат преземени сите мерки за воспоставување на владеењето на правото и за одбрана на мирот и безбедноста.



Слични вести