Грузија покажа реакција против рускиот претседател Путин по прашањето на Абхазија

Грузискиот заменик министер за надворшени работи Владемир Костантинид истакна дека остварената средба на рускиот претседател Владимир Путин со Раул Хаџимба во Сочи претставува продолжеток на политиката на окупација на Русија кон Грузија

1249997
Грузија покажа реакција против рускиот претседател Путин по прашањето на Абхазија

Официјален Тбилиси покажа реакција против средбата на рускиот претседател Владимир Путин со Раул Хаџимба, таканаречениот претседател на Абхазија која еднострано ја прогласи својата независност од Грузија.

Грузискиот заменик министер за надворшени работи Владемир Костантинид во дадената изјава во врска со остварената средба на рускиот претседател Владимир Путин со Раул Хаџимба во Сочи истакна дека оваа средба претставува продолжеток на политиката на окупација која што ја спроведува Русија кон Грузија.

Костантинид ја изнесе следната констатација: „Средбата на Владимир Путин со лидерот на режимот во Сухуми (Хаџимба), во предвечерието на 11. годишнината од војната помеѓу Грузија и Русија во август 2008 година, значи легитимизирање на окупаторските режими и претставува незаконска иницијатива.“

Велејќи „Ова дејствие на Русија е насочено против сувереноста и територијалниот интегритет на Грузија и ги прекршува основните принципи на меѓународното право“, Грузискиот заменик министер за надворшени работи Владемир Костантинид појасни дека исдто така и меѓународната заедница конкретно ги поддржува територијалниот интегритет и сувереноста на Грузија.



Слични вести