Билансот на жртвите во поплавите во Индија се зголеми на 33 лица

Според вестите објавени во индиските медиуми, во сојузната држава Махараштра животот го загубиле уште 9 лица, со што бројот на загинатите овде се зголемил на 25 лица, додека во сојузната држава Карнатака животот го загубиле 8 лица

1250323
Билансот на жртвите во поплавите во Индија се зголеми на 33 лица

Бројот на загинатите во поплавите предизвикани од силните врнежи од дожд кои што ги зафатија западните и јужните делови на Индија се зглеми на 33 лица, а приближно 180 илјади лица се евакуирани.

Според вестите објавени во индиските медиуми, надлежни информираат дека во сојузната држава Махараштра животот го загубиле уште 9 лица, со што бројот на загинатите овде се зголемил на 25 лица, додека во сојузната држава Карнатака животот го загубиле 8 лица.

Приближно 180 илјади лица пак, се евакуирани од областите погодени од поплавите.

Надлежни истакнуваат дека се трага по најмалку 3 лица кои се водат како исчезнати и дека поради излевањата на реките од своите корита некои патишта се затворени за сообраќај.

Од друга страна, од понеделникот не може да се одржува настава во училиштата во градовите погодени од поплавите.

 

 



Слични вести