Захарова: „Замрзнувањето на сите средства на Венецуела во САД е економски тероризам“

Американските стратези по се изгледа не ја согледуваат поддршката на граѓаните на легитимниот претседател на Венецуела Николас Мадуро

1249079
Захарова: „Замрзнувањето на сите средства на Венецуела во САД е економски тероризам“

Портпаролката на Руското министерство за надворешни работи Марија Захарова, замрзнувањето на сите средства на Венецуела во САД го оцени како „економски тероризам“.

„Што поскоро треба да се спречат санкциите врз управата на Венецуела“ потенцираше Захарова.

Во писменото соопштение што го објави преку веб страницата на Министерството за надворешни работи на Русија, портпаролката Захарова го критикуваше потпишувањето на уредбата од страна на американскиот претседател Доналд Трамп со која се замрзнуваат средствата на Венецуела во САД.

„Американските стратези по се изгледа не ја согледуваат поддршката на граѓаните на легитимниот претседател на Венецуела Николас Мадуро.

По неколкуте безуспешни воени интервенции за преземање на власта во Венецуела, Вашингтон верува дека ќе се влоши социоекономската состојба во земјата.

Немилосрдните санкции на САД неповолно влијаат врз граѓаните на Венецеузела, особено болните и возрасните.

Според експертите, како последица на санкциите на САД, во Венеуцела умреа над 40 илјади лица. Единствената вина на народот е тоа што поддржуваат лидер кој не е сакан од страна на Вашингтон.

Русија е против санкциите врз Венецуела.

САД и натаму продолжува со економскиот тероризам врз легитимната управа на Венецуела. Затоа што поскоро треба да се спречат овие санкции“ истакна Захарова.

Со вчерашното потпишување на уредбата со која се замрзнуваат сите средства на Венецуела во САД од страна на претседателот Доналд Трамп, беа спречени сите економски трансакции меѓу САД и Каракас.

Американската администрација на венецуелскиот претседател Николас Мадуро не смета како на легитимен претседател на државата, поради што отворено го поддржува лидерот на опозицијата, претседателот на Националното собрание на Венецуела Хуан Гуаидо кој во јануари се прогласи за привремен претседател на државата.



Слични вести