Во бомбашки напад во авганистанскиот главен град Кабул загинаа најмалку 18 лица

Според веста објавена во „ToloNews“, во соопштението на Министерството за јавно здравство се истакнува дека во експлозија во една полициска станица во западниот дел на главниот град Кабул загинаа најмалку 18 лица, а повеќе од 100 лица се ранети

1249517
Во бомбашки напад во авганистанскиот главен град Кабул загинаа најмалку 18 лица

Во реализиран бомбашки напад чија цел беше полицијата во главниот град на Авганистан, Кабул, според првични информации животот го загубија најмалку 18 лица, а повеќе 100-тина се ранети.

Според веста објавена во „ToloNews“, во соопштението на Министерството за јавно здравство се истакнува дека во експлозија до која дојде во една полициска станица во западниот дел на главниот град загинаа најмалку 18 лица, а повеќе од 100 лица се ранети. 

Портпартолот на Министерството за внатрешни работи Нусрат Рахими изјави дека цел на бомбашкиот напад беше една полициска зграда во областа и привлече внимание дека пред нападот безбедносните сили започнаа операција против ќелиите на терористичката организација ДЕАШ во главниот град Кабул.

Одговорноста за нападот ја презеде организацијата Талибан.

Инаку, и во реализираниот бомбашки напад и вооружениот судир вчера во главниот град на Авганистан Кабул и во градот Херат животот го загубија 42 лица.



Слични вести