Протест во Исламабад против одлуката на Индија за укинување на специјалниот статус на Џаму и Кашмир

На протестот организиран од страна на Партијата Џемаати Ислам (JI) и Меѓународната лоби група на младинскиот форум за Кашмир учествуваа голем број политичари, активисти и пакистански граѓани

1249073
Протест во Исламабад против одлуката на Индија за укинување на специјалниот статус на Џаму и Кашмир

Голем број граѓани на Пакистан во главниот град Исламабад одржаа протест против одлуката на Индија за укинување на членот број 370 со која се укинува и специјалниот статус на сојузната држава Џаму и Кашмир, дел од спорниот регион помеѓу двете земји Кашмир.

На протестот организиран од страна на Партијата Џемаати Ислам (JI) и Меѓународната лоби група на младинскиот форум за Кашмир учествуваа голем број политичари, активисти и пакистански граѓани.

Потпретседателот на Партијата Џемаати Ислам (JI) Миан Мухамед Аслам во  говорот што го одржа пред учесниците на протестот, обраќајќи му се на Раџа Фарук Хајдар Хан, премиерот на Азад Кашмир, кој што се наоѓа под контрола на Пакистан, рече: „Доколку Раџа Фарук фрли чекор за одбрана на правото на Кашмирчани и ние ќе застанеме зад него. Излезете и одбранете го правото на Кашмир.“

Аслам истакна дека Индија ги руши џамиите, но од друга страна ги држи над се Индусите во регионот.

Учесниците на протестот кој што се одржа под дожд, носеа транспаренти на кои пишуваше „Јас сум Кашмирчанец и за мојата иднина одлучувам јас. Индија сака Кашмир да го претвори со Сирија и укинувањето на 370. член онолку колку што е штетно за Џаму и Кашмир, толку е штетно и за Индија.“



Слични вести