Израел одобрил изградба на 2.300 нови станови во окупираниот Западен Брег

Според објавениот извештај на израелското граѓанско здружение Движењето Сега мир, израелската влада ја одобрила изградбата на 2.300 нови станови за еврејските доселеници на окипираниот Западен Брег

1249046
Израел одобрил изградба на 2.300 нови станови во окупираниот Западен Брег

Израелското граѓанско здружение Движењето Сега мир соопшти дека властите во Тел Авив ја одобриле изградбата на 2.300 нови станови за еврејските доселеници на окупираниот Западен Брег. 

Во објавениот извештај од страна на „Движењето Сега мир“ се истакнува дека Советот за високо планирање при Цивилната административна единица во склопот на Единицата за координација на владините активности на палестинските територии (COGAT) при Министерството за одбрана на Израел, одобрила да бидат изградени 2.300 нови доселенички станови на Западниот Брег.

Во извештајот се укажува и на тоа дека освен тоа Советот одобрил и 3 претходно изградени населби во различни делови на Западниот Брег, по што се вели следното: „Одобрувањето на плановите за населување е дел од страотната (ужасна) политика на владата кое што има за цел да го спречи евентуалниот мир и решението со две држави, како и да го анектира кон Израел еден дел или целосно Западниот Брег." 

Израелската влада на чело со премиерот Бенјамин Нетанјаху во последно време ги интензивира активностите за изградба на нови доселенички еврејски населби во Западниот Брег и Источен Ерусалим (Кудс) кои се наоѓаат под окупација.

Инаку, на Западниот Брег кој беше окупиран од страна на Израел во 1967 година, се наоѓаат приближно 250 незаконски еврејски населби. Повеќе од 400 илјади еврејски доселеници кои живеат во овие незаконски изградени населби го отежнуваат уште повеќе животот на Палестинците на Западниот Брег каде што живеат под окупација .

Според меѓународното право, сите еврејски населби на окупираните палестински територии се сметаат за незаконски.

 



Слични вести