Денес започнува визната либерализација меѓу Русија и Турција

Русија ќе спроведува визна либерализација за турските граѓани со службени и зелени (специјални) пасоши

1249143
Денес започнува визната либерализација меѓу Русија и Турција

Денес започнува визната либерализација меѓу Русија и Турција за граѓаните со службени и зелени (специјални) пасоши како и шоферите кои се бават со меѓународен транспорт.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за надворешни работи, во рамките на визните консултации со Русија, беше постигната согласност за меѓусебна либерализација за носителите на службени пасоши.

Русија ќе спроведува визна либерализација за турските граѓани со службени и зелени (специјални) пасоши.

Во соопштението се истакнува дека и руските граѓани кои имаат службени пасоши ќе бидат ослободени од визите, а исто така визната либерализација врз основа на принципот на реципроцитет ќе важи и за руските шофери кои се бават со меѓународен транспорт.

Визната либерализација меѓу Русија и Турција почнува денес.

Согласно договорот за визна либерализација потпишан меѓу Русија и Турција на 12 мај 2010 година, договорот стапи на сила на 7 август 2019. Се надеваме дека договорот ќе се спроведува согласно сите одредби“ беше истакнато во соопштението на МНР.



Слични вести