Во воздушни напади на руските воени авиони во Идлиб загинаа четворица цивили

Извори за Цивилна Одбрана (Белите Беретки) соопштија дека во реализираните воздушни напади врз населеното место Хан Шејхун, според првични информации животот го загубија четворица цивили

1248870
Во воздушни напади на руските воени авиони во Идлиб загинаа четворица цивили

Во реализирани воздушни напади од страна на Русија, земјата поддржувач на режимот на Бешар Асад во Сирија, врз населените места во границите на „Зоната за намалување (деескалација) на судирите во Идлиб“, според првични информации животот го загубија четворица цивили.

Сирискиот режим и неговите поддржувачи од синоќа реализираат копнени и воздушни напади врз населените места Хан Шејхун и Маратинуман, месноста Бидама и селата Абидин, Баболин, Кефер Сиџне и Хабит кај градот Идлиб и врз населените места Кефер Зита, Латамине и Морик во северното рурално подрачје на градот Хама.

Според добиени информации од Авионската опсерваторија на опозиционерите, воедно и воени авиони на Русија реализирале воздушен напад врз населеното место Хан Шејхун во подрачјето на градот Идлиб.

Извори за Цивилна Одбрана (Белите Беретки) соопштија дека во реализираните воздушни напади врз населеното место Хан Шејхун, според првични информации животот го загубија четворица цивили.

Екипите за Цивилна Одбрана ги продолжуваат активностите за пребарување и спасување под рушевините.

Од друга страна, четворица цивили го загубија животот и во реализираниот воздушен напад и од страна на Асадовите сили доцна синоќа врз населеното место Морик кај градот Хама. 

На тој начин бројот на загинатите цивили во воздушните напади врз населените места во границите на „Зоната за намалување (деескалација) на судирите во Идлиб“ во Сирија, во последните 12 часа достигна до 8.



Слични вести