Повик од ОН до Индија и Пакистан за максимална воздржаност

Портпаролот на генералниот секретар на ОН Стефан Дујарич истакна дека светската организација ги следи одблизу растечките воени активности и затегнатоста по одлуката на Индија за укинување на специјалниот статус на спорниот регион Џаму и Кашмир

1248335
Повик од ОН до Индија и Пакистан за максимална воздржаност

Обединетите нации (ОН) соопштија дека буди загриженост растечката затегнатост по одлуката на Индија за укинување на специјалниот статус на спорниот автономен регион Џаму и Кашмир и ги повика страните на воздржаност.

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Стефан Дујарич на одржаната редовна дневна прес конференција истакна дека светската организација ги следи одблизу растечките воени активности и затегнатоста по одлуката на Индија за укинување на автономијата на Џаму и Кашмир.

Велејќи дека загрижува растечката затегнатост во регионот, Дујарич ги повика Индија и Пакистан да покажат максимална воздржаност. 

Инаку, Индија го укина уставниот член со кој што подолго од половина век како му се признава специјален статус на автономниот регион Џаму и Кашмир и со тоа беше ставено крај на специјалниот статус на овој спорен регион.



Слични вести