Запленетиот брод од страна на Иран во Персискиот залив бил во сопственост на Ирак

Запленетиот брод од страна на Иран во Персискиот залив се наведува дека бил во сопственост на Ирак

1247662
Запленетиот брод од страна на Иран во Персискиот залив бил во сопственост на Ирак

Како што се истакнува, запленетиот брод од страна на Иранската револуционерна гарда во Персискиот залив со тврдење дека се бавел со криумчарење на гориво бил во сопственост на Ирак. 

Официјалната Новинска агенција на Иран „ИРНА“ соопшти дека запленетиот брод во Персискиот залив бил во сопственост на Ирак.

Се наведува дека бродот по име „Хита“ горивото со кое што криумчарел од Иран го превезувал во Арапските земји во околината на Персискиот залив.

Инаку, криумчарите во Иран горивото и другите нафтени производи кои што ги субвенцира државата се обидуваат да ги продаваат во странство. 

Од друга страна, ирачкото министерство за нафта го демантираше тврдењето околу тоа дека запленетиот брод бил во сопственост на Ирак.



Слични вести