Во затвор во Камбоџија почина Нуон Чеа (93), еден од водачите на Црвените Кмери

Според објавеното соопштение од судот за геноцид во Камбоџија, поддржан од Обединетите нации (ОН), 93-годишниот Нуон Чеа кој поради извршено кривично дело геноцид во ноември беше осуден на доживотен затвор, починал во затворот во кој што се наоѓал

1247670
Во затвор во Камбоџија почина Нуон Чеа (93), еден од водачите на Црвените Кмери

Почина во затворот во кој се наоѓаше 93 годишниот Нуон Чеа, едниот од водачите на комунистичкиот режим на Црвените Кмери кој управуваше со Камбоџија во периодот од 1975 до 1979 година.

Според објавеното соопштение од судот за геноцид во Камбоџија, поддржан од Обединетите нации (ОН), 93-годишниот Нуон Чеа кој поради извршено кривично дело геноцид во ноември беше осуден на доживотен затвор, починал во затворот во кој што се наоѓал.

Нуон Чеа, кој беше познат како десна рака на лидерот на Црвените Кмери Пол Пот и втор човек на Црвените Кмери, исто така беше познат и како главен теоретичар на режимот.

Нуон Чеа никогаш не ги призна обвинувањата за кои што беше теретен и застануваше во одбрана на тоа дека тој и неговите истомисленици не се лоши луѓе.

Инаку, за време на четири годишната власт на комунистичкиот режим на Црвените Кмери во Камбоџија беа убиени приближно 1,7 милиони лица што претставува околу 25 отсто од населението на оваа  југоисточноазиска држава.



Слични вести