Во САД прогласена 5 дневна жалост за загинатите во вооружените напади во Тексас, Охајо и Илиноис

Во САД е прогласена 5 дневна жалост по реализираните вооружени напади во градот Ел Пасо во сојузната држава Тексас, во градот Дејтон во Охајо и како последно во вооружениот напад во Илионис

1247957
Во САД прогласена 5 дневна жалост за загинатите во вооружените напади во Тексас, Охајо и Илиноис

Во чест на загинатите во реализираните вооружени напади во сојузните држави Тексас, Охајо и Илионис во Соединетите Американски Држави (САД) е прогласена 5 дневна жалост.

Како што се истакнува, во САД е прогласена 5 дневна жалост по реализираните вооружени напади во градот Ел Пасо во сојузната држава Тексас во кој загинаа 20 лица, а 26 беа ранети, во градот Дејтон во сојузната држава Охајо во кој загинаа 9 лица, а 27 мина беа ранети, и како последно во реализираниот вооружен напад во Илионис во кој загина едно лице, а 3 лица беа ранети. 

Американскиот претседател Доналд Трамп во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната медија напиша: „Денеска, во чест на жртвите од трагедиите во Ел Пасо во Тексас и Дајтон во Охајо издадов наредба за спуштање на половина копје на знамињата на сите згради на Федералната влада. Знамињата на Белата куќа од денеска до 8 август, четврток, ќе бидат спуштени на половина копје. Јас и Меланија се молиме за оние кои беа погодени од овој настан на зло кој што не може да се опише.“ 

 



Слични вести