Либија ги повика ОН да ги исполнат своите одговорности пред злосторствата на генералот Хафтар
Во објавеното писмено соопштение од Советот се истакнува дека за воздушниот напад во градот Мерзук во кој животот го загубија 41 лице се одговорни силите на генералот Халифа Хафтар

Претседателскиот совет на Владата на национално единство на Либија ги повика Обединетите нации (ОН) да ги исполнат своите одговорности пред злосторствата кои што ги врши вооружениот водач во источниот дел на земјата, генералот Халифа Хафтар.
Во објавеното писмено соопштение од Советот се истакнува дека за воздушниот напад во градот Мерзук во кој животот го загубија 41 лице се одговорни силите на Хафтар.
Во соопштението се упатува повик до Обединетите нации (ОН) и меѓународната заедница да ги исполнат своите одговорности пред злосторствата кои што ги извршува Хафтар и се нагласува дека треба да биде започната итна истрага во врска со овие злосторства.
Освен тоа во соопштението се упатува повик и до либискиот народ да биде повнимателен пред плановите на Хафтар за иницирање граѓанска војна.
Ииаку, воени авиони на генералот Халифа Хафтар реализираа воздушен напад на маалото Ел Кале, во градот Мерзук каде што живее племето Тебу во кој животот го загубија 41 лице, а 37 мина беа ранети.